Младиот Французин
е идентификуван како замена за Нејмар на Камп Ноу и делегација на Барселона
оваа недела отпатува за Дортмунд во обид да го договорат трансферот на Осман
Дембеле.
„Милонерите“
поставија висока цена од 150 милиони евра, но очигледно ќе мора да ги намалат барањата
откако играчот започна штрајк.
Осман Дембеле не
се појавил на денешниот тренинг, ниту пак се јавува на телефон.
„Дембеле не се
појави на тренинг, не можеме да го добиеме ниту на телефон, се надевам дека се
е во ред со него” – вели тренерот Питер Бош.
Се говори дека
тој е во Париз и чека двата клуба да се договорот за да замине за Барселона.
Неговото
однесување е сосема спротивно од она на Филипе Кутињо, кој исто така е цел на
Барселона и веќе се има договорено со „Каталонците“.
Бразилецот одбива
да изврши притисок врз Ливерпул и сака двата клуба во пријателски преговори да
пронајдат заеднички јазик.
Во меѓувреме,
Борусија Дортмунд испрати соопштение во кое потврди дека Барселона доставила понуда,
но таа не ги задоволила нивните барања па предлогот бил одбиен.