„Делии“ и „Гробари“ сакале да направат хаос пред натпреварот помеѓу Црна Гора и Хрватска, полицијата ги спречила!

by Стефан
1 минути читање

Во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу Црна Гора и Хрватска во Подгорица, безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво по вчерашниот напад врз група хрватски навивачи на автопатот меѓу Будва и Цетиње, а според последните информации спречен бил нов инцидент.

Според договорот помеѓу службите, хрватските навивачи најпрво слетале на аеродромот во Дубровник, од каде под полициска придружба биле спроведени до границата. По влезот во Црна Гора ги презела црногорската полиција и ги испратила до Подгорица. Во главниот град пристигнале околу 450 навивачи со седум автобуси, плус неколку комбиња и автомобили, а целата колона во текот на патот била обезбедувана со силно полициско присуство за да се спречат нови инциденти.

Подгорица уште од раните попладневни часови беше под силни безбедносни мерки. Полицијата привремено затвораше улици во поширокиот центар, ги контролираше сите приоди кон градот, а лошите временски услови и дождот дополнително го отежнуваа сообраќајот и создаваа метеж.

Како што пишуваат медиумите во регионот безбедносните служби успеале да спречат влез на групи грчки навивачи на Гробари“ и „Делије“ за кои постоеле сомнежи дека планираат заседа за хрватските навивачи. Со нивното запирање биле избегнати потенцијални судири, а ситуацијата преку целиот ден останала стабилна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×