„Деле Али вреди повеќе од Погба, се чудам како Јунајтед не го купи“

by
2 минути читање

20 годишниот Деле
Али игра уште една одлична сезона, фудбалерот од средниот ред до овој момент
има постигнато 11 погодоци во Премиерлигата, односно 7 повеќе од Пол Погба.

„Мислам дека Деле
Али сега вреди 100 милиони фуни
– вели Хари Реднап. „Доколку Погба вреди 90 милиони фунти, тој сигурно
вреди повеќе
.

„Има само 20
години! Детево има с
è – постигнува голови, креира голови, одлично игра со
глава, трча, дрибла, се бори за секоја топка. Мислам дека е фантастичен
.

Али се пресели во
Тотенхем пред две години за 5 милиони фунти и тоа откако импресионираше во
победата на МК Донс од 4-0 над Манчестер јунајтед во Лига Купот.

„Нели играше
против Манчестер јунајтед кога МК Донс ги победи? Па човек треба да се зачуди
како тие не го купија за 5 милиони фунти
.

„Како не успеаа
да го забележат неговиот талент? Неверојатно е тоа што никој не го примети. За
само 5 милиони фунти!

„Каков трансфер,
каков играч
.

Името на
Англичанецот сега се поврзува и со гигантите како Барса и Реал, а се шпекулира
дека и Манчестер Сити е подготвен да плати рекордна сума.

„Очиглдно
Тотенхем не сака да го продаде. Градат нов стадион, и доколку продолжат вака,
за година или две ќе имаат состав за триумф во Премиерлигата
.

„Па сигурен сум
дека тој ќе биде дел од сето ова
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани