Деле Али: Стерлинг никогаш не би ме удрил намерно

by
1 минути читање

Во воведниот дел од мечот, Стерлинг со отворен ѓон стартуваше врз Деле Али. Ситуацијата се прегледуваше преку ВАР, но за чудо му беше доделен само жолт картон на играчот на Сити.

Деле Али и Стерлинг се пријатели надвор од теренот и соиграчи од репрезентацијата на Англија.

„Не го видов стартот на снимка, па одлуката ја носат судијата и ВАР, тие не му дадоа црвен картон и јас не можам да направам многу околу тоа“, вели Деле Али.

„Зборувавме за стартот, тој не беше најдобро расположен поради поразот, тој е победник, но не сме се виделе веќе некое време“.

„Пријател ми е и знам дека никогаш не би стартувал намерно врз мене. Фудбал е и се случуваат вакви работи“.

„Но не е намерно, тој не е таков фудбалер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×