Деле Али под закана за суспензија поради оваа невкусна шега на социјалните мрежи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалската асоцијација на Островот почна истрага за контроверзното видео кое на социјалните мрежи го објави фудбалерот на Тотнем, Деле Али, а се работи за една не баш убава шега на сметка на еден Азиец.

Деле Али снимаше еден Азиец, па сугестираше на тоа дека е исплашен дека би можел да се здобие со доста опасниот „Коронавирус“, а брзо потоа фудбалерот на Тотнем го повлече видеото и им се извини на сите оние кои се почувствуваа навредени од тоа негово видео.

Корона штооо, ве молам слушајте со глас“ гласеше пораката на 23 годишниот Али во својата објава, по што се заштити со маска за заштита, а додаде коментар „Вирусов ќе мора да биде побрз за да допре до мене“, а потоа следеше и извинување.

Сакам да се извинам јавно поради видеото кое го објавив, тоа воопшто не беше смешно, брзо увидов на грешката и го повлеков видеото, потфрлив кон клубот, а воедно и кон себе, не сакам да имате такво мислење за мене, тоа не е нешто за што ние треба да се шегуваме“ напиша Али.

Како и да е, поради овој потег ѕвездата на Тотнем би можел да се соочи и со суспензија, налик на онаа која следеше на сметка на фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, кој иако е голем пријател со својот соиграч, црномурестиот Бенџамин Менди, една шега на Портуалецот беше санкционирана откако беше воочено расизам, иако одлуката на крајот беше смешна дури и за самиот Менди.

Како за потсетување околу случајот со Силва од ноември ланската година, од ФА го прифатија мислењето дека намерите на Португалецот не биле со расистичка позадина, меѓутоа освен што доби суспензија од еден меч, Силва беше „олеснет“ и за 50,000 фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×