Деле Али има подобра статистика од Лампард, Џерард и Бекам заедно!

by
1 минути читање

Деле Али игра во фантастична форма во дресот на Тотенхем и тој е еден од најзаслужните за одличната сезона на тимот од Северен Лондон.

Статистиката на Деле Али е неверојатна, а таа вели дека тој директно е инволвиран (голови или аситенции) во 40 погодоци во Премиерлигата пред да наполни 21 година. Тоа е колку Френк Лампард (15), Стивен Џерард (13) и Дејвид Бекам (12) заедно.

Деле Али има многу подобра статистика и од Кристијано Роналдо кој до 21 години бил инволвиран во 25 погодоци, (14 голови и 11 асистенции).

Деле Али утре полни 21 години и ги има сите предуслови да стане големa фудбалска ѕвезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани