Тотнем одигра катастрофален меч на гостувањето кај Лајпциг и доживеа тежок пораз од 3-0, по што со вкупни 4-0 доживеа елиминација од Лигата на шампионите.
„Сакам да им се извинам на фановите. Тие допатуваа до тука, а ние изгубивме на ваков начин“, вели Деле Али.
„Менталитетот е во прашање, начинот на кој ги примивме головите покажува дека немавме силен менталитет“.
„Треба да се погледнеме себеси пред да почнеме да обвинуваме некој друг или да го обвинуваме тимот. Јас ќе го направам тоа и сигурен сум дека и уште неколку други ќе го направат бидејќи оваа ноќ не беше воопшто добра“.
„Не може да криеме, ова не е добра сезона за нас, но треба да продолжиме да се бориме. Во лоша ситуација сме и само ние можеме да ја свртиме“.