Дел Пјеро: Го разбирам Роналдо, но Модриќ ја заслужи наградата, да не се отиде на церемонијата…

by
1 минути читање

Изборот на Лука
Модриќ за најдобар фудбалер на годината од страна на Европската куќа на
фудбалот – УЕФА предизвика големо негодување кај фановите на Кристијано
Роналдо, можеби неговиот агент Жорге Мендеш, па и неговата сестра Катја Авеиро
отидоа чекор подалеку во своите јавни реакции, а со свој став на оваа тема се
јави и легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.

Го разбирам
Роналдо, но Модриќ ја заслужи наградата, тој направи нешто посебно во Мадрид и
на Светското првенство, наградата е целосно заслужена, но и Кристијано имаше
одлична сезона
“ истакна Дел Пјеро.

Роналдо не
присуствуваше на церемонијата, изминатиов период е доста тивок во однос на таа тема, Португалецот не се ни одзва јавно да му честита на својот поранешен соиграч од Реал Мадрид со кого беа блиски пријатели, а Дел Пјеро вели дека и тој би бил
лут на негово место, но не се согласува со неговата
постапка да не отиде на доделувањето награди во Монте Карло.

И јас да бев на
местото на Роналдо ќе бев налутен, но, да не се отиде на церемонијата е нешто
друго…
“ додаде легендарниот Италијанец.

Роналдо веќе
одигра три официјални меча во дресот на неговиот нов клуб Јувентус каде направи
трансфер ова лето, но, барем засега не успеа да го најде патот до противничките
мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×