Дел од делегацијата не доби визи за САД, па решија да ја бојкотираат ждрепката за СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Иран ќе ја бојкотира ждрепката за групите на Светското првенство 2026, откако САД одбија да издадат визи за дел од нивната делегација. Ждрепката ќе се одржи на петти декември во Вашингтон, а домаќини на Мундијалот ќе бидат САД, Мексико и Канада.

Ја информиравме ФИФА дека донесените одлуки не се поврзани со спортот и дека членовите на иранската делегација нема да учествуваат во ждрепката за Светското првенство“ изјави портпаролот на Иранскиот фудбалски сојуз.

Меѓу оние што не добиле виза се претседателот на федерацијата Мехди Тај и извршниот директор на репрезентацијата Мехди Харати. Американците претходно одбиле визи и за уште петмина ирански функционери.

Иран е во втората јакосна група и досега има настапено шест пати на Мундијалите без пласман во нокаут фазата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×