Деклан Рајс: Не ги разбирам француските фудбалери, Јамал тоа што го прави со 16 години е специјално

by bojan
2 минути читање
Јамал

Деклан Рајс вели дека не ги разбира критиките кои француските фудбалери ги испратија на адреса на Ламин Јамал, вели дека секој навивач треба да има почит за тоа што го прави напаѓачот со само 16 години.

Ламин Јамал испиша историја на континенталниот собир во Германија, стана најмладиот дебитант на Европските првенства, и најмладиот асистент и најмладиот стрелец на Европските првенства.

Во пресрет на полуфиналето и пресметката на Шпанија и Франција, доби одредени критики и замерки од „триколорите“, кои не успеаја во психолошката војна.

Сега, пред финалето во Берлин, Англичаните имаат поинаков пристап и само пофалби.

„Не ми е јасно зошто француските играчи го критикуваа Ламин Јамал, искрено не ги разбирам“ – вели Деклан Рајс.

„Како фудбалер, но и навивач и љубител на фудбалот, може само да имаме почит и да му аплаудираме за работите кои ги прави со 16 години“.

„Тој е навистина специјален“.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани