268
Дејвид Мојс ќе биде новиот тренер на Евертон, овој викенд ќе го потпише договорот со клубот од Ливерпул.
Според „Тајмс“, се е договорено, Мојс ќе стави потпис на договор до јуни 2027 година.
Тој разговарал со менаџментот и со новите сопственици на клубот, му се допаднал проектот и ја прифатил работата.
Дејвид Мојс се прослави токму во Евертон, дури 11 години беше тренер на овој клуб, од 2002 до 2013 година кога замина во Манчестер јунајтед.