Ван Дајк го
победил својот најголем ривал Рахем Стерлинг во конкуренцијата за фудбалер на
годината, пренесува Дејли Мејл во однос на изборот на професионалните фудбалери
во Англија.
Официјалната
објава на резултатите ќе биде позната за јавноста во текот на утрешниот ден, но
дефанзивецот на Ливерпул, според информациите кои ги објави Дејли Мејл, веќе е
фудбалерот кој ќе добие награда за одличните перформанси.
Холанѓанецот беше
на листата од шестмината најголеми претенденти за таа награда, вклучувајќи ги и
неговиот соиграч Садио Мане, Рахем Стерлинг, Серхио Агуеро, Бернардо Силва,
како и Еден Азар.
Доколку се
остварат овие најави, презтижната награда останува во Ливерпул, откако ланската
сезона истата ја освои Мохамед Салах.
Доделувањето на наградите
ќе се одржи во Лондон во недела, на 28 април.