Дефанзивни проблеми за Јувентус пред мечот со Ајакс

by
0 минути читање

Според италијанските медиуми, на утрешниот меч нема да настапи капитенот на Јувентус, Џорџо Кијелини поради повреда.

Тој заедно со Матиа Перин и Мартин Касерес го пропуштил денешниот терен, и „Спорт Медиасет“ информира дека дефанзивецот се уште не е опоравен од повредата.

Андреа Барзаљи бил дел од тренингот но работел одделено од првиот тим, па се очекува Ругани да добие уште еднаш место во стартниот тим и да му биде партнер на Леонардо Бонучи во центарот на дефанзивата.

Реваншот меѓу Јувентус и Ајакс се игра утре (вторник).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×