Дефанзивецот на Хетафе, Хуан Иглесиас влезе во вербална конфротација со Винисиус Жуниор откако Бразилецот за кратко време изнуди два црвени картони.
Реал Мадрид синоќа се мачеше протиг Хетафе, но работите се променија откако Винисиус Жуниор влезе на теренот.
Бразилецот не направи разлика со својот талент, туку со тоа што успеа да изнуди два црвени картони.
Најпрво Ниом беше испратен во соблекувална поради старт без топка, а потоа и Санцрис, кој доби втор жолт картон за еден задоцнет старт.
Па Винисиус Жуниор го навлече гневот на публиката, а влезе и во вербална конфротација со Хуан Иглесиас.
„Затоа сите те мразат. Треба малку да се огледаш на соиграчите“ – му велеше дефанзивецот на Хетафе на својот противник.
По крајот на натпреварот, Хуан Иглесиас рече: „Во фудбалот имате многу дуели, многу расправии, тоа е дел од играта и вообичаено сето тоа останува на теренот. Но има работи кои едноставно не можете да ги дозволите. Морате да ги почитувате противниците и луѓето. Кога тоа нема да се случи, се вжештува атмосферата“.
Во разговор со Карусел Депортиво, дефанзивецот на Хетафе додаде: „Иста приказна, покажа големо непочитување. Тој е одличен фудбалер и го покажува тоа на секој натпревар, но ова само му прави штета. Се надевам дека ќе се погледне во огледало и ќе почне да покажува почит“.
„Нема да ви откривам што беше кажно, но тој добро знае што кажа. На неговите соиграчи им објаснив дека треба да го научат да покажува малку повеќе почит“.