Дефанзивецот кој е по мерак на Ханси Флик како приоритет има трансфер во Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Германија пренесуваат дека Нико Шлотербек преферира трансфер во Реал Мадрид, додека пак втора опција му е преселба во Баерн Минхен.

Ханси Флик како приоритет има поставено ангажман на нов централен дефанзивец, и тоа по можност левак.

Нико Шлотербек е фудбалерот по желба на тренерот на Барселона, но медиумите од Германија велат дека фудбалерот на Борусија Дортмунд има други планови.

Како што објави Скај Спорт, Нико Шлотербек преферира преселба во Реал Мадрид, и „кралевите“ се негова прва опција доколку реши да ја напушти „Сигнал Идуна Парк“.

Втора опција му е Баерн Минхен, но тешко дека Борусија Дортмунд ќе сака да засили директен ривал.

Нико Шлотербек е под договор до 2027, преговорите за продолжување тапкаат во место и покрај тоа што на маса е ставена плата од 8 милиони евра по сезона, три пати повеќе од сегашните 2,5 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×