Дефанзивец на Челси на радарот на Милан

by
1 минути читање

Фудбалерот од
одбраната на Челси, Андреас Кристенсен е цел на Милан за претстојниот јануарски
преоден рок, веќе познато е дека калчолигашот има и планови да го врати Златан
Ибрахимовиќ во својот состав, како и да се засили со Стефано Сенси.

Gazzetta dello Sport пишува дека Милан сака да ја искористи ситуацијата во која се наоѓа 22
годишниот данскиот дефанзивец кој се соочува со мала минутажа во дресот на
Премиерлигашот по преземањето на кормилото од страна на Маурицио Сари.

Весникот додава
дека Росонерите имаат и план „Б“, тоа се однесува при евентуален неуспех во
преговорите за Кристенсен, опција е Родриго Кајо од редовите на Сао Паоло.

Веќе е позната
желбата на Росонерите за Ибрахимовиќ, а Сенси веќе импресионираше во дресот на
Италија на мечот против САД, каде плејмејкерот на Сасуоло одигра одличен меч,
привлекувајќи го вниманието.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×