Манчестер Сити со двојна
победа против Бристол Сити обезбеди место во финалето од англискиот Лига Куп
каде својот противник ќе го дознае по вечерашниот реванш помеѓу Арсенал и Челси
кои одиграа без голови на првата пресметка.
Интересна ситуација
забележаа камерите по крајот на средбата синоќа каде за момент во фокусот на
вниманието се најдоа дефанзивецот на домаќините Аден Флинт, како и шефот на
стручниот штаб на гостите, Пеп Гвардиола.
Флинт на социјалните
мрежи откри што му рекол на Гвардиола и зошто тој се насмеа по една кратка
конверзација со него по крајот на средбата.
„Го прашав Пеп да се
замениме со неговата јакна и мојот дрес, тој одби…“ рече Флинт кој очигледно
го „фрлил“ меракот на јакната на Гвардиола од брендот „Stone
Island“.