И на 40 години, Лука Модриќ продолжува да ги поместува границите. Хрватскиот ас е фудбалерот со најмногу минути на терен кај Милан во полусезоната од Серија А, со вкупно 1325 минути, повеќе од кој било друг играч на „росонерите“.
Само на два натпревари не одигра до крајот, додека на сите останати настапуваше од првата до последната минута. Вкупно има 15 настапи во Серија А, плус три во Купот и Суперкупот.
Модриќ оваа сезона постигна еден гол и забележа две асистенции, уште еднаш потврдувајќи дека и понатаму е синоним за професионализам и врвен квалитет.
Откако „433“ го истакна како најкористен фудбалер на Милан во првенството, навивачите беа едногласни во пофалбите, нарекувајќи го легенда, машина и играч кој е невозможно да се запре.