Дечиќ се одбрани во Скопје: Силекс победи, но се збогува со Европа!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Силекс славеа во Скопје со 2-1 против Дечиќ, меѓутоа овој триум на кратовскиот состав не беше доволен да се изборат за мето во второто коло.

Дечиќ во Црна Гора на првиот натпревар победи со 2-0 и таа предност успеаа да ја одбранат денеска во Скопјек.

Многу рано гостинскиот состав дојде до предност преку Стриковиќ во третата минута. Силекс напаѓаше и дојде до израмнување во 28-та минута, па со тој резултат се замина на пауза.

Вториот дел помина комплетно во иницијатива на македонскиот претставник, но голот кој го постигна Хрвановиќ во 80-тата минута не беше доволен за следно коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×