Дебито на Роналдо за Јуве, само во Италија го гледале повеќе од 2 милиони луѓе

by
0 минути читање

Јувентус можеби играше против неатрактивен противник, Киево, но вниманието кон натпреварот го привлече Кристијано Роналдо.

Според „Газета дело Спорт“, во Италија овој натпревар бил следен од 2,330,234 тв гледачи.

Тоа е дури за 68 проценти повеќе од првиот меч на Јувентус во минатата сезона кога го пречекаа тимот на Каљари.

Исто така, ова е четвртиот најгледан пренос откако Скај Италија ги има натпреварите, погледани биле само Дербито на Италија меѓу Јуве и Интер во 2013 и 2016, и мечот меѓу Рома и Јувентус во август 2015.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×