Дебитираше против Арсенал во Премиер лигата, а неговата мајка врескаше од радост пред телевизорот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Минатонеделниот пораз на Астон вила од Арсенал со убедливи 4-1 донесе и еден посебен момент за 19-годишниот Џамалден Џимо-Алоба.

Иако неговиот тим доживеа убедлив пораз, младиот фудбалер токму на дуелот против лидерот во Премиер лигата го имаше своето деби во елитата на англискиот фудбал. Тренерот Унаи Емери му укажа доверба и го внесе во игра на десетина минути до крајот, во момент кога прашањето околу победникот веќе беше решено и Арсенал имаше водство од 4-0.

Дебитантските минути беа емотивни не само за Џимо-Алоба, туку и за неговото семејство, а на социјалните мрежи брзо се прошири видео од реакцијата на неговата мајка, кое предизвика бројни симпатии кај навивачите.

Станува збор за офанзивен играч за врска кој во Астон вила пристигна во 2023 година од Вест Бромвич, најпрво како дел од тимот до 18 години, а потоа напредуваше и во селекцијата до 21 година. Во клубот од Бирмингем очигледно сериозно сметаат на неговиот потенцијал, па чекор по чекор му отвораат врата и на највисокото ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×