999
Фудбалерите на Астон Вила се радуваа на победа и се пласираа во осминафиналето во ФА Купот, совладувајќи го Тотнем со 2-1 (1-0).
Натпреварот на „Вила Парк“ беше отворен со гол во првата минута, бидејќи Џејкоб Ремзи реализира за предност од 1-0 на домашните. Во продолжението од првиот дел немаше погодоци, за потоа Астон Вила да ја удвои предноста преку Роџерс во 64. минута.
Две подоцна првпат во дресот на тимот од Бирмингем заиграа новите засилувања Маркус Рашфорд и Марко Асенсио кои зимава го засилија тимот.
До крајот Тотнем успеа да се наметне и во првата дополнителна минута новајлијата Матис Тел погоди за преполовување на негативата и конечните 2-1.