Баер Леверкузен доживеа вистинска бламажа на првиот натпревар под водство на Ерик Тен Хаг. Германскиот тим беше понижен од младинскиот тим на Фламенго, кој го совлада со убедливи 5-1 на контролен дуел во Рио де Жанеиро.
Ниту дебито на холандскиот стратег не помогна на „фармацевтите“ да избегнат тежок пораз од екипа составена од играчи до 20 години. Фламенго играше храбро, доминираше од самиот старт и до 54. минута веќе водеше со 5-0.
Стрелци за бразилскиот тим беа Лоран, Гонсалвеш, Леао и Густаво, а во листата на стрелци се запиша и Артур од Леверкузен, но со автогол. Почесниот погодок за Германците го постигна Кулбрет во второто полувреме.
Резултат кој ќе биде сериозно предупредување за Тен Хаг, кој има многу работа пред стартот на новата сезона.