Дерби во Кратово, Силекс ја пречекува Струга!

by riste
1 минути читање

Денеска се играат два натпревари од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс ја пречекува Струга, а Арсими гостува кај Брера.

Силекс беше перфектен до минатото коло кога загуби на гостувањето кај Башкими, па денеска ќе се обиде да им се врати на победите, но пред себе има тежок противник.

Струга има бод повеќе од кратовскиот тим, тие сакаат да ги освојат трите бода и да се вратат на лидерското место каде од вчера е Вардар.

„Верувам дека ќе биде израмнет натпревар, во кој и двата тима ќе влезат во него за да победат. Според мене, екипата која ќе направи помалку грешки ќе ги земе трите бода. Не знам многу за нашиот противник за екипата на Струга, со оглед дека за мене ова е нешто ново. Но, го гледав мечот со Шкендија, и мислам дека игра доста интензивен фудбал, и има многу добри индивидуалци“, изјави Мигуел Пиреш, играчот од средниот ред на Силекс.

Напаѓачот на Струга, Марјан Радески вели дека во вакви моменти се гледа карактерот на екипата.

„Во вакви моменти се гледа карактерот на екипата. Ако играме со висок интензитет, концентрација и притисок од самиот старт, сигурен сум дека ќе останеме непоразени. Ако бидеме компактни, брзо ја пренесуваме топката и бидеме агресивни во дуелите, можеме да ја контролираме играта. Токму тоа е она што од нас го бара шефот на стручниот штаб Бледи Шкемби. Верувам дека можеме од Кратово да си заминеме со посакуваниот резултат“, вели Радески.

Мечот почнува од 15:30 часот, а во овој термин се игра и дуелот меѓу Брера и Арсими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×