Деби погодокот на Депај во Бразил е страшно „голазо“, дури и полицајците извадија телефони да снимаат (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Мемфис Депај

Мемфис Депај го постигна голот првенец во Бразил, напаѓачот маестрално погоди од слободен удар во аголот и не му даде шанса на голманот да одбрани.

Мемфис Депај летоска изненади со изборот на клубот, реши кариерата да ја продолжи во Бразил и да го облече дресот на Коринтијанс.

Во победата над Атлетико ПР од 5-2, Холанѓанецот го забележа деби погодокот и сметката ја отвори со страшно „голазо“.

Од слободен удар, Мемфис Депај погоди право во аголот и не му даде шанса на гостинскиот голман да одбрани.

Со својата мајсторија го крена цел стадион на нозе, дури и полицијците извадија телефони и го снимаа шоуто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани