Деби од соништата, Метју Лонгстаф го сруши големиот Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ забележаа уште еден пораз на гостувањaтa, вечерва загубија на Сент Џејмс Парк. Во натпревар со малку шанси, клучниот момент се случи во 72. минута.

19 годишниот Метју Лонгстаф дoби топка на врвот од шеснаесетникот и прециозно биеше по земја за 1-0. За Англичанецот ова беше премиерен натпревар во елитата и сигурно долго ќе го памети.

Не само што го сруши големиот Манчестер јунајтед, тој стана и најмладиот играч на Њукасл кој погодил на своето деби во Премиерлигата.

Метју Лонгстаф, кој е помлад брат на Шон Лонгстаф, кој изминатово лето беше желба на Солшер и се поврзуваше со богат трансфер на Олд Трафорд, вечерва беше прилично расположен и во првото полувреме можеше да постигне спектакуларен гол со шут од далечина, но ја стресе само пречката. 

„Ѓаволите“ одново креираа премалку, па мораа да се помират со нови загубени бодови. Притисокот врз Солшер ќе биде се поголем, добро е што следува пауза за репрезнетативен фудбал, но лошо е тоа што следниот противник на Манчестер јунајтед е Ливерпул, кој има осум од осум на стартот од сезоната. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×