Фудбалерите на Челси славеа во пријателскиот натпревар против Баер Леверкузен (2-0) на „Стемфорд Бриџ“.
„Сините“ бргу стигнаа до предност и тоа со дебитантскиот гол на премиерниот настап во клупскиот дрес на бразилскиот фудбалер Естевао. Тој во 18. минута го отвори резултатот и донесе предност за Челси. Во продолжението следуваа доста измени, а домашните го бранеа стекнатото водство. Долго мируваа мрежита, но во 90. минута конечните 2-0 ги постави Жоао Педро.
Интер иако играше повеќе од полувреме со црвен картон, со пресврт слави на гостувањето кај Монако (1-2). По само две минути игра Аклиуче го отвори резултатот и Монако поведе со 1-0. Пех повеќе за тимот на Кристијан Киву беше црвениот картон на Хакан Чалханоглу во 36. минута од средбата. И покрај тоа, Интер успеа да режира пресврт во вториот дел. Израмнување по еден час игра донесе капитенот Лаутаро Мартинез, додека пред финишот Анге Јоан Бони го комплетира пресвртот со својот прв гол во дресот на „нераѕурите“ и тоа на своето деби.
Фото: Chelsea FC/Twitter