Деби гол на Де Лихт за победа на Јувентус во градското дерби (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус ја доби битката за Торино, шампионот на Италија го совлада градскиот ривал и освои три важни бода, херој на мечот беше Матијс Де Лихт.

На почетокот од мечот имаше и контроверзен момент во кој беше вклучен Де Лихт, тој играше со рака во сопствениот шеснаесетник, но судијата и ВАР сметаа дека раката била во природна положба и не досудија најстрога казна за Торино.

Клучниот момент се случи во 70. минута кога по асистенција на Игуаин, Де Лихт постигна гол за водство и победа на Јувентус од 1-0.

Со овој триумф Јувентус се врати на врвот на табелата каде што неколку часа престојуваше Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×