Новиот формат на Светското клупско првенство барем по првите натпревари се покажува како едно од поголемите промашувања на ФИФА.
Светската фудбалска организација се мачи со продажба на билетите за натпреварот, а доказ за слабата заинтересиранот е и вечерашниот натпревар кој Челси го игра против МЛС тимот на Лос Анџелес.
Натпреварот се игра пред речиси празни трибини и покрај сите напори на ФИФА да доведе публика. Многумина коментираат и дека повеќе публика има на подготвителните натпревари кои клубовите вообичаено ги играат во летниот период во текот на припремите за новата сезона.