Дебакл за фудбалерките до 19 години: Шкотска ни даде девет гола!

by Стефан
1 минути читање

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години доживеа тежок пораз од Шкотска во второто коло од квалификациите за Европското првенство.

Шкотланѓанките доминираа на теренот и без поголеми проблеми стигнаа до убедлива победа, постигнувајќи дури девет голови. Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме, кога противникот обезбеди висока предност од пет погодоци. Во продолжението, македонската одбрана повторно беше на сериозни искушенија, а мрежата се затресе уште четири пати.

За избраничките на Македонија ова е втор пораз во низа, откако на стартот беа поразени и од Норвешка со 3-0. Во последното коло ќе се соочат со Австрија, натпревар кој ќе има само формално значење и можност за подобрување на впечатокот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×