Навивачите на Тотнем се противат на одлуката Роберто Де Зерби да биде именуван за нов тренер, тие не ги спорат неговите квалитети, им пречи тоа што Италијанецот му даде поддршка на Мејсон Гринвуд.
Роберто Де Зерби наскоро и официјално ќе биде потврден за нов тренер на Тотнем, но уште пред да ја почне авантурата во Северен Лондон, навивачите му го свртеа грбот.
Тие не ги спорат неговите квалитети, им пречи тоа што Италијанецот му даде поддршка на Мејсон Гринвуд.
Англичанецот беше обвинет за физички напад и силување на својата девојка, но обвинителството мораше да се откаже откако девојката ги повлече изјавите и одби да сведочи.
И покрај тоа што случајот не доби судска разврска, Мејсон Гринвуд остана виновен во очите на јавноста, под притисок на публиката, Манчестер јунајтед беше приморан да го продаде својот талент.
Останува да се види како ќе се одвиваат работите во Тотнем, на клубот од огромно значење му е сите да бидат на иста бранова должина зошто во последните 7 кола ќе се борат за опстанок во Премиерлигата.