Де Зерби: Срамота е, тоа не беше пенал!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Марсеј, Роберто Де Зерби е разочаран од судиската одлука да му биде досуден пенал на Реал Мадрид по играње со рака во пад на фудбалер и кога прво топката го удри во друг дел од телото.

Реал Мадрид со два пенали го победи Марсеј со 2-1. Кралскиот клуб одигра одличен меч, создаде многу шанси, но многумина сметаа дека вториот пенал не требаше да биде свирнат.

„Вториот пенал не е пенал никогаш, тоа е срамота“, рече Де Зерби по мечот.

„Никогаш не може тоа да биде пенал, истото би го рекол и доколку биде досуден во корист на мој тим“.

„По нивниот меч со Реал Сосиедад, сите зборуваа за неправда против Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×