Француските медиуми денеска објавија дека во понеделникот дошло до побуна помеѓу фудбалерите на Марсеј откако тренерот на тимот Роберто Де Зерби пристигнал во клубот и кажал дека нема да ги тренира.
Наводно во тој момент фудбалерите одбиле да работат со неговите помошници од стручниот штаб. Сега на денешната прес-конференција Италијанецот ја кажа својата страна на приказната.
„Имав тешка недела, како и останатите. Јасно ќе кажам се за она што се пишуваше и зборуваше. Од своите фудбалери сакам да го извлечам максимумот и одлуките кои ги носам се за клубот да има корист. Работите кои се случуваа оваа недела, се случуваат во сите клубови. Добив поддршка од луѓето во раководството кои ми пристапија и ми кажаа дека ме поддржуваат.
Од вторник гледам што се случува на тренинзите. Не може тренерот секој де да зборува. Со екстремни методи се трудам да го одведам Марсеј до целта. Некои од мене прават криминалец и тоа не е фер, јас сум добар човек“, изјави Де Зерби.