Челси има
вербален договор за да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Ајакс, Хаким
Зијеч во летниот преоден рок, а трансферот според известувањата би го чинел
Премиерлигашот 45 милиони евра.
Тимот од Лондон
беше суспендиран, односно оневозможен да прави трансфери во текот на
претходниот летен преоден рок, а со самото тоа добија и полна каса за
засилувања на лето.
Со тоа,
холандскиот весник „Де Телеграф“ известува дека речиси се’ е договорено за трансферот на 26 годишниот
Мароканец кој беше желба на повеќе гиганти од фудбалска Европа.
Зијеч беше дел од
трилерот на „Стемфорд Бриџ“ ланската сезона во Лигата на шампионите, поточно во
групната фаза, кога Ајакс одигра 4-4 во Лондон, а Мароканецот запиша две
асистенции и остави големи импресии на Островот, особено кај Френк Лампард.
Нешто повеќе за
Зијеч од аспект на статистиката, ќе наведеме дека од 2017. година па наваму, во
неговите 98 настапи во „Ередивизие“ и Лигата на шампионите успеа да постигне 36
погодоци, а зад своето име да запише и 47 асистенции.
BREAKING: Chelsea have an 'oral agreement' for €45m transfer of Ajax playmaker Hakim Ziyech this summer, report Dutch newspaper De Telegraaf pic.twitter.com/an43HWyvk4
— B/R Football (@brfootball) February 12, 2020