„Де Телеграф“: Барса против волјата на Валверде, Де Јонг не бил посакуван од тренерот на Каталонците

by
1 минути читање

Френки Де Јонг со
своите импресивни изданија во дресот на Ајакс ланската сезона, особено во
настапите во Лигата на шампионите, привлече повеќе европски гиганти кои
пријавија интерес за неговите услуги.

Младата ѕвезда
всушност беше првото големо засилување за Барса за актуелната сезона, потпиша
петгодишен договор со Каталонците со важност до 2024. година, меѓутоа, се чини
дека во клубот од „Камп Ноу“ не биле сите „загреани“ да се засилат со него,
особено не тренерот Ернесто Валверде.

Холандскиот
весник „Де Телеграф“ известува дека Барселона го довела Де Јонг против волјата
на Валверде, кој не бил заинтересиран за такво засилување во составот кој тој
го предводи од клупата.

Истовремено,
весникот додава дека токму Де Јонг бил тој кој што и пристапил на Барселона.

Фудбалерот од
средниот ред се заљуби во познатото име, а воедно и статус на Барселона, како и
првата ѕвезда на тој клуб, Лионел Меси
“ пишува „Де Телеграф“ пред да упати
критики на начинот на кој Валверде го користи талентираниот Де Јонг.

Валверде одбива
да му укаже слободен простор во играта на Де Јонг, односно целосно да го
искористи неговиот капацитет за да биде
лажен плејмејкер“ додава „Де Телеграф“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×