Де Шиљо против Аталанта го одигра последниот меч во дресот на Милан?

by
1 минути читање

Милан изминатиов викенд одигра 1-1 на гостувањето каj најпријатното изненадување оваа сезонава во Италија, тимот на Аталанта.

Италијанските медиуми пренесуваат дека десниот бек на тимот од Сан Сиро, Матија Де Шиљо наводно го одиграл својот последен натпревар во дресот на Милан.

Подолг период се шпекулира дека Де Шиљо нема да го продолжи договорот со „Росонерите“ кој истекува на крајот на оваа сезона.

24 годишниот фудбалер според неофицијалните информации има понуда од италијанскиот шампион Јувентус, која наводно одлучил да ја прифати.

Де Шиљо предвреме го напушти теренот на мечот во Бергамо поради повреда, од Милан информираат дека тој ќе го пропушти остатокот од сезоната, па токму од таа причина можеби натпреварот против Аталанта беше последен за него во дресот на тимот од Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани