Франческо Тоти
целата своја кариера ја мина во дресот на Рома, со тоа што стана легенда на
клубот, а на неговото испраќање во пензија имаше многу емоции на Олимпико,
настан кој го проследија сите светски медиуми.
По истиот пат по
кој одеше Тоти, тргна и Даниеле Де Роси, искусниот 35 годишен фудбалер целата
своја професионална кариера ја помина во дресот на Римската волчица, иако
неговиот актуелен важечки договор со клубот истекува идната година, Де Роси се најавува ново продолжување на соработката на уште една дополнителна година.
По ова, нема
дилеми дека искусниот Италијанец својата кариера ќе ја заврши во Рома, а за да
остане до крајот на својата кариера во Рим, наводно тој се согласил и на смалување на
неговата плата, па така, иако досега заработуваше 3 милиони евра на годишно
ниво, од наредното лето износот ќе биде двојно помал, односно, ќе изнесува 1,5 милион евра.