Де Лихт во 96. минута го спаси Јунајтед од пораз кај Тотнем! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Тотнем и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудливо дерби кое заврши нерешено 2-2.

Тотнем продолжува да биде незгоден противник за Манчестер Јунајтед. Црвените ѓаволи се понадеваа дека конечно може да дојдат до победа против лондонскиот тим откако поведоа со гол на Мбеумо во 32. минута и предноста траеше се до 84. кога Тел изедначи на 1-1.

Не само што успеа да израмни, Тотнем во 91. минута преку Ришарлисон направи комплетен пресврт и поведе со 2-1.

Се чинеше дека Спарс го добија мечот, но не беше така, Де Лихт погоди во 96. минута за конечни 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×