Де Лихт си постигна автогол, Роналдо погоди од слободен удар, Буфон одбрани три пенали! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дербито на Италија овој пат се играше во пријателски натпревар како дел од Интернационалниот шампионски куп. .

По само десет минути игра Матијс де Лихт си ја затресе сопствената мрежа. Тоа беше прв меч како стартер за Холанѓанецот во дресот на Јувентус, на натпреварот со Тотнем влезе од клупата.

Јувентус го изедначи резултатот во 68. минута кога Кристијано Роналдо со помош на живиот ѕид погоди од слободен удар за 1-1.

Херој во пенал рулетот беше Џиџи Буфон кој им одбрани на Ранокија, Лонго и Борха Валеро. За Јувентус промашија Рабио и Бернардески. 

За Јуве погодија Кансело, Роналдо, Џан и Демирал, за Интер реализираа Пушкаш, Жоао Марио и Барела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×