Матајс де Лихт дал зелено светло за трансфер на Олд Трафорд, па Манчестер јунајтед сега треба да постигне договор со Баерн Минхен за висината на оштетата.
Матајс де Лихт е на добар пат да ја напушти „Алианц Арена“, дефанзивецот дал зелено светло за трансфер на Олд Трафорд.
Се говори дека тој прифатил за помала плата да се пресели во Манчестер јунајтед, односно наместо досегашните 15 милиони евра по сезона, да заработува околу 12 милиони по сезона.
Сега останува Манчестер јунајтед да постигне договор со Баерн Минхен за висината на оштетата.
„Баварците“ бараат 50 милиони евра, плус бонуси за да го продадат Холанѓанецот, додека пак првата понуда на „ѓаволите“ била околу 40 милиони евра.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.