154
Доцна синоќа Де Лихт слета во Торино за да го комплетира големиот трансфер во Јувентус вреден околу 75 милиони евра.
Утринава тој ги почна медицинските тестови а во текот на денот се очекува да стави потпис на петгодишен договор со плата од 7,5 милиони евра плус 4,5 во бонуси.
Де Лихт следниот месец полни 20 години, но веќе делува како исклучително зрел играч, поради тоа беше и капитен на Ајакс кој беше пријатно изненадување во Лигата на шампионите.
Јувентус ја доби трката со ПСЖ, Барселона, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед кои исто така се поврзуваа со Де Лихт.