Де Лихт денеска пристигнува во Торино, почнува последната фаза од комплетирање на трансферот во Јуве

by
1 минути читање

Во текот на оваа недела треба да заврши трансфер сагата на Матијс де Лихт и тој конечно да стави потпис на договор со Јувентус.

Италијанските медиуми пишуваат дека паднал договор меѓу Јувентус и Ајакс за понуда од 65 милиони евра плус бонуси, а претходно беа договорени и личните услови на фудбалерот.

Де Лихт го напушти кампот на Ајакс во Австрија, а официјалното соопштие гласи дека тоа е поради можноста за потенцијален трансфер.

Се верува дека Холанѓанецот денеска со приватен лет ќе пристигне во Торино, а утре изутрина ќе ги почне медицинските тестови со Јувентус.

Де Лихт треба да биде едно од клучните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×