Де Лаурентис жестоко распали: Стадионот „Диего Марадона“ е дупка, како очекувате играчи од 50-60 милиони?

by bojan
1 минути читање

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис уште еднаш изрази незадоволство од стадионот „Диего Марадона“ и вели дека ова е една од причините зошто не можат да им парираат на другите ривали.

Аурелио Де Лаурентис често се жали за тоа каква е состојбата на стадионот на Наполи, а денеска уште еднаш жестоко распали.

„ПСЖ исто така игра на стадион кој не го поседува, но иако на градот му плаќаат иста сума каква што и Наполи му плаќа на градот, тие генерираат 100 милиони евра поголем приход секоја година“ – вели првиот човек на „наполитанците“.

„Милан и Интер, кои исто така немаат свој стадион, но имаат приходи од околу 14 милиони евра од натпревар во Лигата на шампиони, додека пак ние имаме приходи од околу 3 милиони евра зошто нашиот стадион е дупка“.

„Па како очекувате да купувам играчи од 50-60 милиони за да се натпреваруваме со нив?“

ФОТО: X/Official SSC Napoli

Можно е и ова да ти се допаѓа

×