Де Лаурентис и
Маурицио Сари се во вербална војна, а претседателот на Наполи иако задоволен од
тоа како играл тимот под водство на поранешниот тренер, додаде дека останува
горчлив вкус тоа што не се освоило ништо под негово кормило.
„Игравме добро и
тоа е единствената причина за задоволство, но исто и горчлив вкус бидејќи Сари
ништо не освои, му дадовме се’ за три години и ништо не освои“ рече претседателот на калчолигашот, но
веднаш доби и одговор од Сари кој го презеде кормилото на Челси.
„Тој зборува за
мене бидејќи му недостасувам, тој мене воопшто не ми недостасува во моментов,
точно е дека не освоивме ништо додека бев во клубот, но поставивме клупски
рекорд со 91 бод во сезона, два пати успеавме да се пласираме во Лигата на
шампионите, од клубот треба да бидат горди на тие резултати“ возврати Сари.