„Радио Марте“ тврди дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис одлучил да го отпушти Анчелоти по последниот меч од Лигата на шампионите против Генк на десети декември.
Тој веќе е во контакт со Џенаро Гатузо кој смета дека би бил добар наследник на Анчелоти.
Иако не важи за некој голем стратег, Де Лаурентис смета дека Гатузо има цврста рака и ќе може да го доведе тимот во контрола која се чини дека ја загуби Карло Анчелоти.
Гатузо е слободен тренер откако раскина со Милан летоска. За него интерес има и од Фиорентина.
Карло Анчелоти ако добие отказ речиси веднаш може да се врати на работи бидејќи има отворени тренерски места во Премиерлигата. Арсенал е во потрага по нов стратег, а се верува дека наскоро и на Манчестер јунајтед ќе му треба нов тренер.