Де Лаурентис добил едно големо ветување од Мертенс

by
1 минути читање

Искусниот напаѓач
од редовите на италијанскиот вицепрвак Наполи, Дрис Мертенс се уште ја нема
донесено конечната одлука околу неговата иднина, а неговиот актуелен договор со
клубот од Неапол истекува идното лето.

Белгиецот е
интересен за повеќе екипи во Европа, меѓутоа се верува дека посакува да остане
во Наполи и по крајот на актуелната сезона, иако претходно медиумите известуваа
нешто сосема друго.

Во Италија
пишуваат дека Мертенс воедно му дал и едно големо ветување на првиот човек на
Наполи, Аурелио Де Лаурентис, дека во случај да си замине од Наполи, никогаш
нема да облече дрес од друг клуб во Италија.

Тамошните медиуми
известуваат дека понудата на Наполи до Мертенс за нови две години во неговиот
договор со плата од 3 милиони евра на годишно ниво не ги задоволуваат условите
на 32 годишниот напаѓач, кој воедно нема донесено конечна одлука ниту дали да
ја прифати, или пак одбие истата понуда.

Како и да е, од
клупска гледна точка, во Наполи сметаат дека понудената понуда до напаѓачот е
најдобрата од нивна страна, меѓутоа Мертенс во јануари ќе може да преговара со
останатите заинтересирани екипи за неговите услуги, за веќе на лето да биде и
слободен играч на трансфер пазарот.

Интер е
најсериозниот претендент за потписот на Мертенс, и покрај тврдењата на Де
Лаурентис дека фудбалерот има клаузула во договорот која не му дозволува
трансфер во друга екипа во Италија, меѓутоа истата е секако со важност до
крајот на актуелниот договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×