Де Ла Фуенте издоминира: Убедливо ја победи конкуренцијата во изборот за најдобар селектор

by Стефан
1 минути читање

Искусниот предводник на шпанската репрезентацијата Луис Де ла Фуенте ја предводеше својата селекција до титулата на Европското првенство во 2024 година, па така сосема заслужено го доби признанието за најдобар селектор за 2024 година.

Гласањето го организираше Меѓународниот Институт за фудбалска историја и статистика, а 63-годишниот стратег ја доби поддршката од 274 гласа и убедливо заврши пред аргентинскиот селектор Лионел Скалони кој освои 148 гласа.

Зад нив следуваше Французинот Дидие Дешамп со 35 гласа. Шпанија во календарската година која изминува одигра 17 натпревари во кои запиша 14 победи, две нерешени и еден пораз.

Во топ 10 место добија уште:Герет Саутгејт (Англија), Емерс Фае (Брег на Слоновата Коска), Јулијан Нагелсман (Германија), Нестор Лоренцо (Колумбија), Винченцо Монтела (Турција), Вили Сањол (Грузија) и Марсело Биелса (Уругвај).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани