Де Јонг: Ако не сум одиграл добро, тоа е моја вина, а не вина на Валверде

by
1 минути читање

Френки де Јонг
верува дека сите проблеми околу неговите перформанси во дресот на Барселона на
натпреварите против Бетис и Осасуна биле само негова вина, а не поради
промените во формациската поставеност кои ги прави Ернесто Валверде.

Валверде го
користеше младиот Холанѓанец во повеќе улоги во средината од теренот, отколку
едната и единствена улога која ја имаше во периодот во Ајакс, како и
холандската репрезентација.

Ова е едноставна
позиција на теренот и во следните натпревари ќе биде подобро
“ рече Де Јонг во
изјавата за „Ел Периодико“.

Морам да се
адаптирам и веќе разговарав со Валверде околу проблемите, имавме и видео
анализа од натпреварите, тренерот не треба да ме прашува каде јас преферирам да
играм, тој е тренер и тој одлучува
“ додава тој.

Во Ајакс, како и
во националниот тим играм во централниот дел од средината, но тоа е различно,
бидејќи игравме со двоен пивот, против Бетис и Осасуна играв пошироко, но,
доколку не сум одиграл добро тоа е само моја вина, луѓето почнуваат да
дебатираат околу мојата позиција, прашувајќи дали треба да играм на таа, или
онаа позиција, тоа е лудо
“ заклучи Де Јонг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×