Де Геа со гордост би прифатил да биде капитен на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Де Геа наскоро треба да стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед според кој ќе заработува помеѓу 350.000 и 375,000 фунти неделно.

Оле Гунар Солскјер треба да назначи нов капитен по заминувањето на Антонио Валенсија, според него во игра се Пол Погба, Крис Смолинг, Ешли Јанг и Давид Де Геа.

Де Геа кој во Јунајтед дојде од Алтетико Мадрид во 2011 година е подготвен да ја преземе одговорноста.

„Бев капитен на некои натпревари. Се разбира неверојатно е да се биде капитен на клуб како Манчестер јунајтед и да се брани овој беџ“, вели Де Геа.

„Неверојатно е, се разбира ќе бидам многу, многу среќен да сум капитен“.

„Ова е моја девета сезона, се чувствувам како еден од најискусните играчи тука. Тоа треба да го покажам на теренот и да помогнам младите играчи да сфатат што значи да се игра за Манчестер јунајтед“.

„Треба да напредуваме многу. Ние сме Манчестер јунајтед и треба да се бориме за трофеи“.

„Кога ќе го ставите овој беџ, тоа значи борба за победа, да го дадете најдоброто од себе и да го однесете тимот повторно на врвот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×