Де Геа се врати на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед му даде признание, навивачите го поздравија со овации (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипите на Манчестер јунајтед и Фиорентина денеска одиграа реми 1-1 во пријателскиот натпревар на „Олд Трафорд“, а овој натпревар беше посебен за голманот Давид Де  Геа.

Де Геа со Фиорентна се врати во Манчестер каде што помина цели 12 години.

Пред почетокот Шпанецот доби признание и од Манчестер јунајтед, додека од трибините беше поздравен со силни овации.

На теренот двата гола беа постигнати во првото полувреме, прво Симон Сом стрелаше за Фиорентина, за потоа Гонсес да си ја погоди сопствената мрежа.

За избраниците на Рубен Аморим ова беше и последен пријателски натпревар пред стартот на Премиер лигата каде што во првото коло играат против Арсенал на 17 август.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×